06.04.2025 02:48
Вести Македонија Топ вести

Ако сака Филипче, Мицкоски ќе го прими и на полноќ?!

Претседателот на СДСМ и премиерот прифаќаат разговор во четири очи за повеќе теми и системски слабости кои се покажаа со кочанската трагедија, се чека да се договори термин. Филипче, кој ја иницираше средбата, на премиерот ќе му ги образложи своите идеи за воспоставување на нова форма на политички и општествен дијалог и стратегија врз основа на која државата ќе функционира една или две децении.

Во фокусот би биле образованието, здравството, правосудството, заштитата на животната средина и партизацијата во институциите, области во кои вели дека ниту една партија не ги исполнила очекувањата на граѓаните во изминатите 30-тина години. За Филипче ова е голем предизвик, затоа што такво нешто досега не функционирало во политичкиот систем на државата.

Филипче повтори дека нема да бара парламентарна Анкетна комисија за случајот додека не заврши истрагата, иако стои на ставот дека се води селективно. Негира дека се откажал од оваа идеја по најавите дека, доколку се формира таква комисија, ќе се отворат и старите случаи за модуларната болница, Ласкарци и Беса транс.

Претседателот на СДСМ останува на идејата и за заеднички кандидат со ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кочани и тоа ќе биде исто така тема на нивниот разговор.

Премиерот, пак, изјави дека е непристојно за сериозни теми да разговараат преку медиумите. Подготвен е да го прими Филипче во кое било време.

Од епилогот на оваа средба ќе зависи дали понатаму во разговорите ќе се приклучат и лидерите на останатите партии во државата.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче

Дејан Дејан

Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа

Дејан Дејан

Зигмар Габриел предлага Канада да биде во ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе