Извештајот кој Општина Крива Паланка го доби од независна акредитирана лабораторија покажува дека во Крива Река, како река од втора категорија, покажуваат надминување на граничните вредности на ph вредност, азот, фосфор, нитрити, амониум, цијаниди и олово, истакна во гостување на ТВ 24 градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
Олово е измерено 10 пати повеќе, цијаниди, 0,001 е дозволено, во резултатите има 0.014, рече Митовски и го покани директорот на Булмак, Тони Тоневски.
– Ајде утре заедно да излеземе и да се напиеме од водата од Крива Река, да покажеме дека не е загадена реката, штом така велите, рече градоначалникот Митовски.