Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека евентуалниот пристап на Украина во ЕУ, на кој инсистираат Брисел и опозициската партија Тиса, ќе го загрози развојот на Унгарија.

„Нашата земја се соочува со сериозна закана: влез на Украина во ЕУ. Оваа опасност ни виси над главите. Вчера во Брисел беше претставен пакет за забрзување на пристапот на Украина во ЕУ. Ако тоа се случи, сите унгарски пари ќе треба да се потрошат за нашиот источен сосед“, посочи Орбан на отворањето на последната делница од автопатот М-44.

Тој посочи дека „не само што нема да стигнат средствата од ЕУ што ни припаѓаат, туку дури и парите од унгарскиот буџет ќе завршат во Киев, па долго време нема да се гради ништо, а камоли пат“, ги пренесе неговите зборови унгарски Немзет.

Слични содржини