Фото: Qualcomm

Со годинешната Galaxy S24 серија Samsung се одлучи да се врати на практиката да на корисниците надвор од САД, Канада и Кина им продава верзија од телефоните со нивниот Exynos чип, освен во случајот со S24 Ultra. 

Проблемот со ова е што Exynos чипот одамна веќе не успева да понуди перформанси како тие од конкурентите, па корисниците дури ако можат посебно ја купуваат американската верзија од телефоните само за да го имаат Snapdragon 8 чипот во нивниот Galaxy S телефон. 

За наредната година неофицијално се најавува дека Samsung нема да го направи истото, па сите модели во целиот свет ќе работат на новиот Snapdragon 8 Elite чип кој беше претставен оваа недела. 

Ова е генерално добра вест за корисниците, но овој пат е уште подобра поради одличните подобрувања кои ги донесува Snapdragon 8 Elite, а тоа може да се претпостави уште од самото име кое е ново и не ја продолжува досегашната бројка од претходниот модел. 

За овој чип се најавува дека ќе биде скоро исто брз како A18 Pro од Apple, а најверојатно графичкиот процесор ќе биде и подобар од тој кај чипот од Apple.

Претпоставките досега беа дека Samsung сепак ќе го користи новиот Exynos 2500, кој треба да е доста подобар од претходниците, но според неофицијалните информации од компанијата не можеле да ја постигнат саканата бројка на чипови за сите уреди. 

Претставувањето на Galaxy S25 серијата се очекува за околу три месеци од сега, односно при крајот на јануари, па ќе видиме во кој правец ќе оди Samsung. 

ИЗВОРSamMobile
Претходна статијаHuawei официјално го претстави нивниот HarmonyOS NEXT кој е направен без кодот од Android
Следна статијаApple официјално го најави претставувањето на нови Mac компјутери идната недела
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.