Промовирани огласи »

Најгледаното видео на сите времиња, „Despacito“ продолжува да бележи нови првенци во прегледите на Јутјуб.

Песната „Despacito“ наскоро на Јутјуб ќе има поголем број прегледи отколку што има жители во светот. Имено, песната за 4 години собра повеќе од 7 милијарди и 500 милиони прегледи, а вкупниот број на жители на светот е проценет на 7 милијарди и 900 милиони луѓе.

Луис Фонси и Деди Јенки ја објавија „Despacito“ во 2017 година и истата година стана планетарен хит. Меѓутоа, нејзината популарност продолжи да расте и во наредните години.

Песната на шпански јазик, на 24-ти февруари стана првото видео на Јутјуб со 6 милијарди прегледи, а на својот врв доби 25,7 милиони прегледи за само еден ден, иако таа бројка оттогаш се врати на просечни 2,8 милиони дневни прегледи.

„Despacito“ на шпански јазик значи „полека“, но се чини дека Фонси и Јенки брзо дојдоа до огромна заработка благодарение на најголемиот хит во нивните кариери.

Луис Фонси кој ја изгради својата музичка кариера на романтични балади, пред објавата на синглот имаше 2-годишна пауза, а големото враќање со „Despacito“ му донесе популарност каква не можел ниту да замисли.

Промовирани огласи »

АКК Рено Спорт Скопје заедно со Лема Расинг денес ја одржаa првата трка од финалниот викенд на Македонското првенство „Renault Twingo CUP“ во Гробник, Хрватска.

Двајца натпреварувачи на Renault Twingo CUP се најдоа во првите десет и тоа: Марко Блажевски кој беше седми во генералниот пласман, а се покажа како најдобар во македонскиот Twingo Cup.

Второто место пак му припадна на победникот за оваа втора сезона - Давид Малинковски, додека пак трет по пласман е младиот Мартин Костовски. Пласманот на останатите Македонски возачи е по следниот редослед: Зоран Мираковски заврши 19, Ангелче Стојковски беше 21, Слободан Трајковски финишираше 22 и Емил Нацка ја заврши трката како 23, додека Владимир Тренески и Ненад Костовски не влегоа во класификацијата за бодови.

И покрај тоа што победата на брилијантниот Малинковски е сигурна, нѐ очекува уште една финална Twingo Cup трка, закажана за утре во 16:00 часот, а истата може да ја следите во живо тука:

Промовирани огласи »

Со двете трки на патеката „Валелунга“, натпреварувањето Порше Карера Куп Италија влезе во својата втора половина од сезоната. Македонскиот возач Ристо Вуков освои нови бодови во својата кампања, која беше повлијаена од дефект на сопирачките на почетокот од гран при викендот.

„На слободните тренинзи во петокот извозев време 1:36.631 што ми даде пласман на 14 позиција, но распоредот на силите беше таков што првите седум беа во половина секунда, додека втора група од 10 возачи беше во една секунда. Од старт беше јасно дека ќе одлучуваат десетинки и дека и најмало задоцнување може да биде казнето. Во квалификациите „го симнав“ времето на 1:35.082 и повторно бев на 14 место, овој пат првите осум беа во четири десетинки, а повторно десет возачи се најдовме во интервал од една секунда. Моето време долго опстојуваше меѓу првите 12 кои возат во втората квалификациска сесија, но „падна“ во последните пет минути и не успеав да влезам за само 0,123 секунди. Сепак, големата изедначеност ми даде понаква слика и не очајував бидејќи бев само 0,863 секунди зад пол позицијата. Верував дека можам подобро, бидејќи патеката е куса и лесна за учење. Тоа се покажа на стартот од првата трка кога за само еден круг дојдов до 9 место. Но, тогаш почнаа проблемите со сопирачките. Де факто, првиот извозен круг ми го даде најдоброто време во првата трка и натаму стануваше се полошо, па во средишницата бев престигнат од три возила, но на крајот завршив на 12 место“, изјави Рико.

Екипата „GDL Racing“ се обидела да го отстрани проблемот, но македонскиот пилот открива дека тоа било една непроспиена ноќ на автодромот кој е лоциран 40 километри северно од Рим.

„Едноставно, перформансите при сопирањето не беа на потребното ниво, а немаше видлив дефект. Поради тоа, ги променивме сите делови од системот за сопирање, од шепи и плочки, до дискови и АБС уред. Дополнително, утврдивме дека сме меѓу најбавните според крајната брзина, бидејќи на најдолгиот правец имаме брзина од 230 километри на час, додека конкурентите таму имаа под 240 км/ч. Почувствував дека возилото е подобро од претходно, и повторно успеав да стартувам добро и да се пробијам неколку позиции напред. Сепак, трката беше обележана од трите инциденти кои доведоа до прекини и излегувањето на возилото за безбедност, поради што немаше многу простор за трка. При последното излетување на Лука Мончини беше објавено дека и јас сум под истрага на стјуардите, но веднаш по крајот на трката бев ослободен од секоја одговорност. Моето најбрзо време во првата трка беше 1:36.570 или 1,2 секунди побавно од најбрзите, додека во втората трка имам 1:36.403 и сум само половина секунда побавен од водечките. Искрено, сметав дека во првата сезона сум научил многу, но од денешен аспект знам дека и овие нови искуства ме прават подобар од претходно и уште поцврст за да ја дочекам и зграбам мојата шанса за висок пласман. Лани имавме десет автомобили помалку, но годинава освојувам поени во секој настап, иако мојата желба се подиуми и победи!“, додава тој.

Со вкупно 43 бода Вуков се наоѓа на 14 место во генералниот пласман. До крајот на сезоната има уште два гран при викенда, во првиот и последниот викенд од октомври, на патеките Франчакорта и Монца. 

Промовирани огласи »

До крајот на тековната Формула 1 сезона остануваат уште шест трки. Лидер во генералниот пласман е Луис Хамилтон, кој го презеде првото место со победата во Русија.

  • Еден
  • Два 
  • Три

Негов најголем конкурент е Макс Верстапен од Ред Бул. Психолошките игри меѓу големите ривали траат цела сезона, а така се очекува да биде и во самата завршница.

„Макс има способност да се справи со притисокот, тоа го видовме во Холандија. Тој беше исклучително импресивен и во Австрија. Макс не го одвлекува ништо, психолошките игри го прават да биде „ладен“.

Тој вози подобро од било кога и сега е подготвен за титулата. Тимот е мотивиран. Оваа битка е одлична забава за секого. Во екипата може да се почувствува напнатост, таа е заразна“, изјави првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

Големата награда на Турција е следна на календарот и ќе се вози на 10 октомври.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »