
Во рамките на проектот “Newaves”, претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беа во посета на студентското радио „УКЛО ФМ“, на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола. Беше презентиран проектот “Newaves”, кој е наменет токму за локалните радиостаници во земјите учеснички во проектот.
„УКЛО ФМ“ е локално радио, но карактеристика за него, исто како и за Универзитетското радио „УГД ФМ“ е дека е во категоријата „непрофитни радиодифузни установи“, па со самото тоа проблемите со кои се соочува се поспецифични отколку кај комерцијалните локални медиуми.
Сепак, и покрај тие специфики, и за непрофитните радија од значење е пласирањето на проверени информации, нешто што е една од целите на самиот проект “Newaves”. Од тој аспект, соработката на двете универзитетски/студентски радија и партиципацијата во активностите кои ќе следуваат е секако значајна.
На средбата стана збор и за воспоставување соработка помеѓу двете радија, со можности за заеднички проекти, размена на емисии и содржини, во кои ќе учествуваат студентите од двата универзитета.