Првиот круг од ракометната Супер-лига беше заокружен со вчерашните натпревари, Алкалоид е единствениот тим со максимални 11 победи по првите 11 одиграни рунди. „Сино-белите“ на Кире Лазаров вчера имаа тешка задача на гостински терен против Охрид, но одлично одговорија на предизвикот, заслужено триумфирајќи со 22-29. Лазаров имаше причина за задоволство од изданието на својот тим, пред се од одбраната на чело со голманот Галевски кој бранеше ...

Алкалоид и натаму е единствениот тим без пораз после 11 кола во Супер-лигата. Избраниците на Кирил Лазаров го добија дерби дуелот со ГРК Охрид на гостински терен (22-29) и се зацврстија на лидерското место на табелата. Предводникот на актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот очекувано е задоволен после триумфот против Охрид, бидејќи на нивниот терен е тешко да се игра, бидејќи тимот доведе голем број на засилувања во последните ...