Најмалку 100 лица загинаа во невремето придружено со грмежи и град што погоди неколку области на источната индиска држава Бихар, соопшти локалната влада.
Според официјалните податоци, 23 лица загинале поради удари од гром. Во источната држава Бихар, најмалку 64 лица загинаа од средата во несреќи поврзани со обилни врнежи, изјави за Ројтерс висок функционер од одделот за управување со катастрофи на државата.
Локалните медиуми објавија дека повеќе од 20 луѓе загинале во најнаселената индиска држава Утар Прадеш.
Областа Наланда беше најтешко погодена, со 22 смртни случаи регистрирани.