Променливо облачно со повремени врнежи, приквечер нестабилно

Во вторникот на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2) и засилен ветер.

Утринските температури се движат меѓу 2 и 10, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот од 6 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 16 степени.