Министерот за здравство Арбен Таравари потврди дека има уште една жртва од трагедијата во Кочани.  Според првичните информации, се работи за Александар Карадакоски, управителот на дискотеката „Пулс“.

За жал, утрово, ја добив лошата вест дека еден пациент е починат во Литванија, кој беше од тие четири пациенти, најкритичниот. Од први април му откажаа и бубрезите, беше ставен на дијализа, утрово ја добив лошата информацијата дека починал. Да се надеваме дека на другите кои се во критична ќе им се подобри состојбата, рече Таравари.

Посочи дека пациентот што почина, имал 40 отсто изгореници на телото.

Главниот проблем беше инфекцијата која што ја доби поради огромна површина на рани кои ги имаше на телото. Во критична состојба се уште тројца-четворица пациенти. Кај потешките пациенти може да има флуктоации.

Иако поголем дел од пациентите се екстубирани, 15 се сеуште интубирани додаде Таравари.

Ова е 60-тата жртва од пожарот во дискотеката во Кочани што се случи рано изутрина на 16 март. Повеќе информации се најавени на прес-конференцијата во 13:30 часот во Министерството за здравство.

Н.С.Ј