Билетите за финалето на Евробаскетот распродадени за 24 часа!

Билетите за финалето и третото место на Евробаскет 2025 распродадени се за само 24 часа. Големиот интерес за Европското кошаркарско првенство владее со денови, а сега од ФИБА стигна информација дека веќе не се достапни билетите за натпреварите на кои кошаркарите ќе се борат за злато и бронза.

Претходно, ФИБА објави дека во Рига веќе се распродадени сите билети за натпреварите на кошаркарската репрезентација на Летонија. Како што беше најавено, за три дена се продадени 25.000 билети само за натпреварите на домашната селекција што ќе ги игра против Турција, Естонија и Србија.

На страницата на ФИБА Евробаскет на социјалните мрежи беше објавено дека е обезбеден контингент билети за гостински тимови и дека тоа ќе се направи во договор со националните федерации.

Евробаскетот се игра од 27 август до 14 септември, а златото го брани репрезентацијата на Шпанија.