Забава
Бил вмешан во синџир на проституција, Жан-Клод Ван Дам се соочува со обвинувања

Во Романија е покренато обвинение против актерот, Жан-Клод Ван Дам, јавуваат медиумите.
Дам е предмет на истрага во врска со случај со трговија со луѓе. Наводно, користел услуги на криминална мрежа, а во наводната трговија со луѓе биле вклучени и малолетници.
Според извештаите, адвокатот на една од жртвите поднел жалба до романската Дирекција за истрага на организиран криминал и тероризам, која исто така објавила официјална изјава, но без да именува имиња.
Според адвокатот на една од наводните жртви, Адријана Кукулис, случајот го води Канцеларијата за истрага на организиран криминал и тероризам на романското обвинителство.
„Кривичниот случај ги открива меѓународните врски со идолите од нашето детство. Жан-Клод Ван Дам е обвинет дека користел сексуални услуги на пет романски девојки кои истовремено биле во ранлива состојба“, рече бранителот.
Според романските медиуми, обвинителството добило изјава од една млада жена која рекла дека учествувала во настани во кои девојки му биле нудени на Ван Дам.
Според нејзиното сведочење, вакви случаи имало во Кан, Франција. Наводите на жртвата се однесуваат на користење на услуги од луѓе кои биле свесно експлоатирани.
Истрагата утврдила дека наводно од 2000 до 2016 година, девојчиња, вклучително и малолетници, биле вклучени во сексуална експлоатација преку неговите организации, користејќи психолошки притисок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
Прекин на WhatsApp: корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Популарната апликација за пораки WhatsApp денеска се соочи со сериозен прекин, оставајќи илјадници корисници оневозможени да се поврзат, да испраќаат пораки или да остваруваат повици, и преку мобилната апликација и преку веб-верзијата.
Социјалните мрежи се преплавени со извештаи за корисници кои пријавиле тешкотии со WhatsApp. Најчесто се пријавуваат проблеми со испраќање пораки, неуспешно воспоставување врска, како и нефункционални повици.
Според веб-страницата Downdetector, која го следи статусот на дигиталните услуги, забележано е нагло зголемување на поплаките од корисниците.
На глобално ниво, околу 1.000 корисници пријавиле проблеми – 91% од нив навеле тешкотии со испраќање пораки, 6% со функционирањето на самата апликација, додека 3% од корисниците изјавиле дека не можат да примаат пораки.
Компанијата Мета, која е сопственик на WhatsApp, се уште нема објавено официјално соопштение во врска со суспензијата на услугата.
Забава
Мик Џегер (81) се сврши со неговата 44 години помлада девојка

Поранешната балерина Мелани Хемрик (37) конечно ја потврди свршувачката со рокерот Мик Џегер (81), фронтмен на групата „Ролинг Стоунс“. Зошто конечно?
View this post on Instagram
Затоа што Мик Џегер и Мелани Хемрик се свршија пред две-три години, а веста за свршувачката беше случајно откриена во неодамнешното интервју за „Paris Match“, пишува „TMZ“.
И покрај ова, Мелани тогаш рече дека не брзаат да се подготват за венчавката.
„Можеби ќе се венчаме еден ден, можеби не. Толку сме среќни со животот што го имаме во моментов што не сакаме ништо да промениме“, рече таа во интервју за „Paris Match“.
Тие се запознале во 2014 година на концерт на групата „Ролинг Стоунс“ во Токио, каде Мелани била танчерка.
Забава
Почина 27-годишна австралиска манекенка со хрватско потекло: од неа се прости и Донатела Версаче

Австралискиот модел со хрватско потекло Луси Марковиќ почина синоќа на 27-годишна возраст, објавија австралиските медиуми. Веста за нејзината смрт беше објавена на нејзиниот инстаграм-профил.
Луси Марковиќ беше добро познато лице на австралиската и на меѓународната модна сцена, соработуваше со престижната агенција Elite NYC, беше модел за Версаче и работеше на кампањите на Викторија Бекам. Учествувала и во популарното телевизиско шоу Australia’s Next Top Model.
Со години таа храбро се бореше со сериозна болест – артериовенска малформација (АВМ), заплеткување на крвните садови во мозокот, што може сериозно да ја загрози функцијата на мозокот.
„Почитувани пријатели и семејство, со жалење мораме да ве информираме дека Луси почина. Таа почина мирно. Јас, мајка ѝ и мајка ми бевме со неа. Во овие моменти ве молиме да ни дадете простор, Луси нека почива во мир“, порачаа членовите на нејзиното семејство.
Од неа се простија и модната агенција на Луси и познатата дизајнерка Донатела Версаче. „Таа беше како светкава светлина, со одлична смисла за хумор. Сакаше да се смее и да танцува и многу ќе ни недостига“, се вели во соопштението на Elite NYC. „Многу ми е жал за Луси Марковиќ. Почивај во мир, прекрасна девојко“, напиша Донатела Версаче.
Марковиќ минатиот месец на социјалните мрежи ја сподели веста дека оди на операција на почетокот на април. Тоа беше едно од нејзините последни јавни настапи.