Неочекуван пресврт: Паратичи нема да биде спортски директор на Милан

4. 04. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неочекуван пресврт: Паратичи нема да биде спортски директор на Милан

Иако веќе се сметаше за нов функционер на Милан, сепак, Фабио Паратичи нема да биде новиот спортски директор на тимот од Сан Сиро.
Оваа информација ја пренесоа реномираните италијански спортски медиуми, а причината за ваквиот развој на настаните е следната.

Паратичи во моментов одлуува суспензија од 30 месеци и забрана за работа. Истата исрекува на 20 јули, а претходно тој не смее да биде дел од никакви преговори. Тоа значи дека до тој датум, доколку Милан го постави за нов спортски директор, нема да може да ги користи неговите услуги, што е секако проблем.

До тој датум Милан ќе треба веќе да го има склопено тимот за следната сезона, момент, што се коси со суспензијата со контраверзниот но исклулително успешен спортски работник.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата