
Попладнево поради обилните врнежи од дожд се излеа Маркова река.
Поради обилното количество на вода, излеана е реката и предизвикани се поплави на улиците и дел од домовите, објави ТВ21.
Во моментов на терен е и механизација.
Од УХМР вчера најавија дека особено источните делови од Македонија ќе бидат зафатени од циклонска активност проследена со интензивни врнежи од дожд и ретки грмотевици.