Дали Мадона конечно ќе го добие својот биографски филм?

22 јули 2024

Да се подготви филм за кралицата на поп музиката не е едноставна работа.

Но, изгледа екипата повторно ги засука ракавите, со оглед на тоа што самата Мадона на својот Инстаграм профил најави дека долгоочекуваниот проект ќе го види светлото на денот.

Според она што може да се види, насловот на биопикот најверојатно ќе биде Who’s That Girl, како што се викаше песната и филмот во кој Мадона глумеше во 1987 година.

Ѕвездата за главна улога во јануари лани ја одбра Џулија Гарнер поради нејзините гласовни и танцувачки способности, па се надеваме дека изборот и сега останува ист.

Како што наведуваат повеќе извори, повеќедецениската кариера на Мадона едноставно е тешко да се собере во само еден филм, па затоа се разгледувала и опцијата за мини серија.

Се уште не е сигурно дали студиото Universal ќе застане зад филмот, но едно е сигурно – Мадона ги заинтригира фановите со Инстаграм објавата на која таа ги прави подготовките за нејзиниот животен проект.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Madonna (madonna)

Објавено:
22 јули 2024
Категорија: 
Култура