• Иван Димовски
Кевин Де Брујне објави дека по крајот на сезоната го напушта Манчестер Сити. Белгиецот по една деценија ќе се раздели со „граѓаните“ по истекот на неговиот договор, а тоа го потврди со емотивна порака на социјалните мрежи.
<<< - ПОВРЗАНО - ОФИЦИЈАЛНО: Кевин де Брујне со емотивна порака се збогува со Манчестер Сити
По објавата за заминување, на стадардната прес конференција зборуваше Пеп Гвардиола. Не можеше да изостане прашањето за Де Брујне.
„Тажен, но и среќен ден поради тоа што лично го минавме заедно со него, што ни го пружи нам како клуб. Не е потребно да зборуваме за неговите успеси во последната деценија, невозможно е да се замисли тимот без него. Тажен ден бидејќи дел од нас заминува.
Кевин е еден од најдобрите играчи за врска кои било кога играле во оваа земја, а без сомнеж и во Манчестер Сити. Нема сомнеж дека е еден од најголемите поради неговата доследност во големите натпревари“, изјави Гвардиола.
За десет години во клубот Кевин Де Брујне одигра 413 натпревари, постигна 106 гола и подели 174 асистенции.