6002 Астон вила – Пари Сен Жермен (21 ч.)
Реванш-дуел од четвртфиналето во Лигата на шампионите во кој гостите влегуваат со залиха од 3:1. Астон вила водеше на гостувањето во Париз, а францускиот првак направи пресврт за 2:1, а во последните моменти од дуелот постигна и трет гол, кој е многу значаен за да имаат помал притисок сега.
Англискиот тим нема што да загуби и сигурно ќе тргне без многу калкулации, што е најава за нов дуел со погодоци на двете страни и во двете полувремиња.
Предлог тип: ГГ3+ (1.77)
6003 Борусија Дортмунд – Барселона (21 ч.)
Борусија е тим кој секогаш знае да изненади, па лани играше и финале во ЛШ. Сепак, по поразот од 4:0 на првиот дуел во Барселона, реално Милионерите немаат шанси за чудо.
Каталонскиот гигант игра одличен фудбал, но Борусија сигурно ќе сака на свој терен да одигра меч за паметење. Последните три меча меѓу овие ривали завршувале со 4+ погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.77)
1037 Салфорд – Донкастер (20:45 ч.)
Дуел од четвртата лига во Англија на два тима кои се во добра форма и пет кола не знаат за пораз. Донкастер е сериозен претендент за првите три места кои водат директен пласман во Лига 1. Салфорд е мирен на средината од теренот, а тоа е тим кој не игра баш најдобро на свој терен, па сигурно ова е шанса за Донкастер.
Предлог тип: Х2&0-3 (1.82)
2622 Оребро – Хелсинборг (19 ч.)
Меч од третото коло во шведската втора лига. Оребро загуби во првите два меча, а ист биланс од нула бодови има и Хелсинборг. Интересно е дека двата тима во двата меча кои ги одиграа, на крајот мечевите завршуваат со два до три гола.
Предлог тип: 2-3 (1.90)
3193 Борац Бања Лука – Сараево (17:30 ч.)
Возвратен дуел во полуфиналето од Купот на Босна и Херцеговина. Борац БЛ победи на првата средба на гости со 1:0 и сега пред своите навивачи има голема шанса да се пласира во финалето. Тимот од Бања Лука е во серија од седум победи по ред и во сите тие седум средби нема примено гол.
Реткост е кога има повеќе од два гола кога се овие екипи на терен, па јасно е дека и само еден потег може да биде решавачки.
Предлог тип: 0-1 (2.90)