Атрактивната трендсетерка и сопственичка на модна линија, струмичанката Љупка Митрова изминатиот викенд му кажа „да“ на својот партнер Ѓорѓи.
Запросувањето се случи на романтично патување во Рим каде саканиот по година ипол романса реши да ја побара за жена, таа да одговори потврдно, а со тоа тргнаа чекор понатаму до официјализирање на врската.
Нема да чекаат многу ниту за големиот ден.
Kако што Љупка им откри на своите следбеници на Инстаграм, датумот на венчавката и свадбата веќе е закажан за 25. Мај што е за околу еден месец.
Оттука, невестата е во позитивен хаос, па затоа е отворена за идеи и разни сугестии околу декорацијата, боите, изборот на фустанот и сл.
Она што откри е и дека решиле чинот и забавата да се случат покрај море, па остана да размислува за тоа како се’ да изгледа филмски.
Напомена и дека помислила да облече кожна венчаница, а некои и сугерираа дека раскошен фустан од свила ќе и прилега најмногу. Љупка, се дополни и дека фустанот е во процес, па едвај чека да го види и облече.
Сигурни сме дека невестата нема да помине само со еден модел на венчаница, па бидејќи веќе ја откри локацијата, јасно е дека акцентот ќе биде ставен на романтичното, нежното, бајковитото…
Сепак, Љупка секогаш знае да изненади кога модата е во прашање, но затоа потоа…
фото:Instagram printscereen/ljupka_mitrova