logo
logo
logo

Ожалостените пропаднале во гробот на покојникот, најлошо поминал синот (Вознемирувачко видео)

Vecer | 10.04.2025

Ожалостените пропаднале во гробот на покојникот, најлошо поминал синот  (Вознемирувачко видео)

Последното збогување било организирано во петокот на гробиштата Гринмаунт, а ковчегот го носеле неговите најблиски роднини, пренесува Daily Mail.

„Ковчегот падна врз него“

Кога ожалостените стигнале до гробот, како што се гледа на видеото, импровизираната платформа попуштила и сите паднале во дупката.

Несреќните лица се здобиле со повреди на нозете, рацете и грбот, а најтешко поминал синот на покојникот.

„Ковчегот падна врз него, а лицето му беше во калта“, изјавила за медиумите снаата Марибел Родригез.

„Ништо не е направено како што треба“

Семејството за инцидентот ги обвини гробиштата, поточно погребалното, сметајќи дека платформата не била соодветно обезбедена.

„Сѐ се тресеше, дрвото беше влажно и натопено. Мислам дека треба да се извинат. Треба да има некаков надомест, бидејќи погребот беше прекинат, ништо не беше направено како што треба“, додаде Родригез.

Повредите со кои се здобиле ожалостените не се сериозни и сите ќе закрепнат, соопштено е.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk