Мурињо го напушта Фенербахче и станува селектор на Бразил!?

Португалскиот тренер Жозе Мурињо е многу блиску даго напушти тимот на Фенербахче. Се повеќе критики врз Португалецот особено за неговото однесување. Мурињо стана незадоволен од многу фактори во турскиот фудбал, а чашата се прелеа по инцидентот на дербито со Галатасарај кога го влечеше за нос тренерот на противничкиот тим, Окан Бурук. За тој потег доби три меча суспензија.

Мурињо во последно време многу се осврнува на судењето во Турција, за квалитетот на првенството. На неколку прес-конференции од околу најави заминување.

„Ако знаете некој тим од Англија кој бара тренер, ама да не игра во Европа, нека ме побара“, изјави Мурињо за време на една прес-конференција.

Но, сега наводно Мурињо би можел да стане селектор. Бразил ќе му го понуди селекторското место, само доколку не успее да го убеди Карло Анчелоти да седне на клупата на петкратниот светски првак.

Бразил во моментов е без селектор, откако Доривал Јуниор беше отпуштен од функцијата, по поразот од Аргентина со 4-1. Бразил планира идното Светско првенство во 2026 година да ја нападне шестата титула светски првак.

Се вчитува...