• Иван Димовски

Реал Мадрид прв поведе, но го загуби финалето на Суперкупот од Барселона со убедливи 2-5.
По натпреварот во Џеда својот став го изнесе тренерот на „кралевите“ Карло Анчелоти. Италијанецот не го криеше разочарувањето за овој перформанс.
„Ова беше навистина лоша вечер за нас. Тажни сме исто како и сите навивачи. Не го криеме разочарувањето, но ова е само фудбал. Понекогаш победувате, а понекогаш треба да учите од поразите. Мора да гледаме само напред. Во првото полувреме не игравме фудбал, слабо се браневме и тоа ни донесе проблеми. Требаше да ги притиснеме, но тие лесно даваа голови. На паузата побарав од тимот да се обиде да заигра фудбал. Не го исполнивме планот. Кажав дека можеме да губиме, но не смееме да играме како во првото полувреме“, изјави Анчелоти.
Вторпат оваа сезона Реал убедливо загуби од Барселона, бидејќи во Примера на првиот меч на „Сантијаго Бернабеу“ каталонскиот тим славеше со 1-4.