• Горан Упале

Челниците на Шкупи на денешната средба со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, од кого добија позитивна вест, а тоа е изградба на нов помошен терен.
Првиот човек на Чаир ветил дека градежните работи ќе започнат наскоро и дека помошниот терен, кој ќе биде стациониран зад голот ќе биде опремен со вештачка трева по највисоки стандарди.
„Оваа инвестиција несомнено ќе го направи овој терен погоден за сите сезони, создавајќи модерни и професионални услови за тренирање на сениорскиот тим, но и на помладите генерации на Академијата на Шкупи. Како клуб му благодариме на градоначалникот на општина Чаир, кој на овој начин го поддржува клубот“, велат од Шкупи.
По половина сезона Шкупи е на шестата позиција на табелата со дури петнаесет бода помалку од лидерот Силекс.