Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека барањата на студентите во блокада се сè побесмислени.

„Кога некој прави обоена револуција, неспротивставувањето е погодно тло – тоа го научив од моите пријатели Кинези. Кога ќе оставите празен терен, ја гледате целата нивна суровост. Тогаш би тепале и малтретирале луѓе, мислат дека се моќни затоа што се во глутница. Требаше порано да почнеме со јасно спротивставување, политичко. Како што паѓа моќта на блокадерите, барањата се прошируват. Шестото барање е бесмислено“.

Тој рече дека шестото барање е директно од Курти.

„Тој му се јави на својот потрчко од владата на Северна Македонија и му нареди да напише соопштение против мене, а овие како сомови се фатија и ме прашаа кој ми дозволил да ги посетам пациентите. И тоа не беше високостерилна просторија, јас бев адекватно, не се болви бактериите да скокаат наоколу. Сакав да покажам грижа за граѓаните на Северна Македонија. На крајот им реков дека сум јас виновен, не одобри лекарот, на сила влегов, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Крстевски: Хаотична е состојбата во Кочани, ни треба помош од Владата и другите општини