07.04.2025 21:58
Вести Македонија Топ вести

Мицкоски и Филипче денеска на средба во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче за денеска во 14 часот договорија средба во Владата. Во изјава за медиумите во Штип, Мицкоски искажа подготвеност за средба со Филипче, кој пак вчера повика на политички и општествен дијалог.

Филипче на прес-конференција рече дека по трагедијата во Кочани, граѓаните реагираа со револт и бес, системот не функционира како што треба, а за тоа вина, како што посочи, имаат сите политички партии. Областите каде што треба системски пристап, според Филипче се образование, здравство, правосудство, животна средина, партизација и политизација.

Премиерот Мицкоски, пак, кажа дека ова е сериозна тема за која се разговара.

„Доколку има план како што најавија, подготвен сум да го примам на средба да го образложи истиот, да го слушнеме планот бидејќи се сериозни времиња, јас сум сериозен човек, сериозни работи се во прашање и најмалку што треба да се прави е естрада на јавна сцена“, рече Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Joвановиќ: Берзите вртоглаво паѓаат, што значи дека штетата што ќе ја предизвикаат може да биде многу поголема од самите царини

Дејан Дејан

Брисел му понуди на Трамп „нула за нула“ царинска шема

Дејан Дејан

Трагедијата во Кочани зема уште една жртва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе