Бизнис
ГОДИШНО НА ГЕРМАНИЈА И ТРЕБААТ 320.000 СТАНОВИ
23.03.2025
До 2030 година на Германија и требаат околу 320.000 станбени единици годишно, според Федералниот институт за истражување на градежништвото, урбаното и просторното планирање (BBSR).
Според податоците, во 2023 година биле завршени 294.400 станови, од кои 90 отсто биле во нова градба.
Потребата за домување варира во различни региони. Тесните грла се особено изразени во големите градови, каде што дефицитот ги зголемува трошоците за изградба и изнајмување.
Само во седум германски метрополи: Берлин, Минхен, Хамбург, Франкфурт, Штутгарт, Келн и Дизелдорф, годишно се потребни околу 60.000 нови станови, пренесува Б92.
фото freepic