ПМФЛ за титула: Шкендија со +4 и директен дуел со Силекс во Тетово

На седум кола до крајот на шампионатот на Македонија во фудбал, се одделија два тима кои ќе се борат за титулата. Очекувано Шкендија и целосно неочекувано пред почетокот на сезоната Силекс се единствени опции за наследник на Струга Трим Лум.

Двете екипи имаат четири домашни и три гостински натпревари. Тетовчани влегуваат со четири бода предност, директен дуел на домашен терен и поповолен распоред до крајот на сезоната.

Шкендија - 56 бода:
Воска Спорт (д)
Беса (г)
Шкупи (д)
Струга Трим Лум (г)
Работнички (д)
Гостивар (г)
Силекс (д)

Силекс - 52 бода:
Беса (д)
Шкупи (г)
Струга Трим Лум (д)
Работнички (г)
Гостивар (д)
Пелистер (д)
Шкендија (г)

Последното коло од шампионатот е планирано за третата недела од мај, кога со сигурност ќе биде познат новиот првак на Македонија.