Поранешен голман на Партизан изврши самоубиство скокајќи од тераса

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Вистинска трагедија утрово ја потресе спортската јавност во Србија, откако се самоуби поранешниот голман на Партизан, Радиша Илиќ.

Како што пренесе „Телеграф“, Илиќ (47) се самоубил скокајќи од терасата на станот во кој живеел.

Илиќ бранеше за „црно-белите“ од Хумска во два наврати, првиот пат од 1998 до 2003 година, а потоа и од 2010 до 2013 година.

Илиќ покрај за Партизан има настапувано и за ОФК Београд, Слобода од Ужице, Борац од Чачак, романски Национал и грчкиот Пансераикос, а има настапувано и за српската репрезентација.

Последниот тренерски ангажман му беше во репрезентацијата на Србија каде беше тренер на голманите. Таа улога ја имаше од 2016 до 2021 година.

Слични содржини