Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Пријавената М.П. – референт за управни работи во Одделение за управни работи Куманово, на 20.12.2024 извршила продолжување на регистрација на приколка „тирсан“ и на патничко возило „шеворлет калос“ и покрај тоа што не биле исполнети законски пропишаните предуслови за продолжување на регистрацијата, односно двете возила немале поминато технички преглед.
Исто така, на 27.12.2024 пријавената извршила продолжување на важноста на регистрацијата на патничко возило „опел корса“ и покрај тоа што подносителот на барањето не приложил важечка лична карта, односно приложил истечена лична карта, што е и еден од условите за регистрација на возило. Продолжувањето на регистрацијата, М.П. го извршила во периодот кога користела боледување. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.П. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапката.
Текстот Вработена како референт дала зелено светло за регистрација на возило без технички и на возач со истечена лична карта, за второто била на боледување е превземен од МАКФАКС.