Македонија Македонско-американско партнерство

Мицкоски оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија

„Се согласивме да продолжиме да го развиваме стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји“, рече Мицкоски.

Мицкоски оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија

Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник, пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје, информира премиерот Христијан Мицкоски.

-Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата. Ја нагласив важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка, откри премиерот.

„Се согласивме да продолжиме да го развиваме стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји“, рече Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top