Костески се враќа во ритам, ќе има поголема улога во плеј-офот

Екипата на Алкалоид во плеј-офот ќе биде без Марко Митев кој се повреди, но го добива назад во тимот крилото Никола Костески. По шест месеци, играчот се најде во ростерот на Лазаров на мечот со Баја Маре, а на следните дуели ќе има поголема улога.

„Никола Костески го имаме пополека во ростерот, почна да тренира, немаше потреба да игра со Баја Маре, но искрено се надевам дека во следните мечеви, можеби уште во тоа дерби со Вардар, ќе го имаме на располагање во ростер, но, секако, со ограничена минутажа. Нема да брзаме да го враќаме во полн ритам по секоја цена“, изјави тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров.

Натпреварот меѓу Вардар 1961 и Алкалоид се игра во среда (2 април) од 19:00 часот, а дуелот ќе биде од хуманитарен карактер и целиот приход од влезниците ќе оди за семејствата на погодените во трагедијата во Кочани.