
Третата женска конференција, која се одржа неодмна во Скопје, промовираше голем број на успешни Македонки кои преку својот пример сакаат да покажат дека и покрај големите пречки, сепак е возможно да се постигне целта.
“Да се биде жена не е најлесно, но е најубаво бидејќи знаеш дека не постои нешто што ти како жена не можеш да го направиш“-вели Ана Дукоска основач на здружението Јас сум жена.
На Третата женска глобална конференција организирана во рамките на здружението Јас сум жена, успеаа да се соберат успешни и видни Македонки од светот и Македонија на едно место.
“Ваквите конференции имаат за цел да ги вмрежат жените ширум светот и да докажат дека можат да работат на битни функции рамо до рамо со мажите“-истакна Искра Коровешовска, ко основач на здружението и успешна новинарка.
Претставнички на Македонките од светот беа Славица Туџарова-вонреден професор на UCLA и ко-основач на биотехнолошката компанија Metanoia bio, Данче Андревска Ѓорѓиевски-главен директор за технологија на ADAC и Дијана Илоска Лајер-доктор по хумана биологија.
За нетипичните професии говореа Наташа Мијат Крстевска која е контролор на летање, Билјана Гичевска која работи како карстолог и Ирена Маневска-асистент MSci по рибарство.
За положбата на жените во спортот говореа Тамара Јолевска Попов, Симона Трповска и Гордана Цветковска Бошевска. Приказните на овие Македонки се доказ дека македонските жени треба да бидат поттик за сите млади девојки и жени. Дел од изјавите на овие успешни жени слушнете ги во прилог.