Тој рече дека САД добиле „некои позитивни пораки“ по вчерашните разговори за прекин на огнот со Украина во Саудиска Арабија.
„Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека „сега зависи од Русија“.
„Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов“, рече тој.
„Можеме да извршиме притисок врз Русија. Се надевам дека нема да биде потребно, но можеме да ѝ го направиме тоа на Русија“, рече Трамп во Белата куќа. „Можам да направам некои многу лоши работи финансиски за Русија, тие би биле многу погубни за Русија. Но, не сакам да го сторам тоа бидејќи сакам мир“, рече тој.