Почнува фестивалот „Звукот на Скопје” 2024

27.09.2024 11:46
Почнува фестивалот „Звукот на Скопје” 2024

Носечката манифестација на Културно информативниот центар – Скопје „Звукот на Скопје” оваа година ќе се случи повторно во формат на еднодневен скопски летен фестивал на отворено, на кој ќе настапат актуелни и свежи локални музички имиња. Програмата ќе биде збогатена со изложби и проекции на филмови, како дел од програмските активности на центарот.

„Звукот на Скопје” значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснa во ново скопско музичко жариште. „Звукот на Скопје” значи и свеж здив во жешкото и долго скопско лето и обид за заситување на културните потреби на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда. „Звукот на Скопје” е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст.

„Звукот на Скопје” ќе се случи на 27 септември 2024, и тоа во Кулпарк (пред КИЦ), Салон 19:19, и галериите на КИЦ (Империјал I, Империјал II и Продажен салон).

Фестивалска програма:

Концерти
Кулпарк (пред КИЦ), 21 часот

• Зарина Првасевда

• Калевала

Проекција на филмови
Салон 19:19, 20 часот

• „Non-Aligned: Scenes from the Labudovic Reels”

Изложби
Империјал I, Империјал II и Продажен салон, 20 часот

• „Портрети од темната комора” - изложба на фотографии од Зденко Петровски

• „Во разговор” - изложба на графики и слики од Петра Јовановска и Вит Павлик (Чешка)

• „Урбан пејзаж” изложба на фотографии од Рафаел Ристовски

Фестивалот е поддржан од Град Скопје и Министерството за култура и туризам.

ОкоБоли главаВицФото