Новак Ѓоковиќ добива статуа во Мелбурн парк
![t](https://infomax.mk/wp-content/uploads/2022/10/novak.jpg)
Според весникот „Хералд Сан“ од Мелбурн, Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа на стадионот на кој се одржува Австралија Опен. Крег Тајли, директорот на првиот гранд-слем во сезоната ја најави оваа желба, а причината е логична – Ѓоковиќ е рекордер на турнирот со десет титули.
Инаку, на комплексот во Мелбурн Парк, до арената „Род Лејвер“, има статуи од разни великани од оваа игра, главно локални. Секако, подвизите на Ѓоковиќ на овој турнир ги надминуваат сите државни граници, па сосема логично е тој да биде одликуван на ваков начин.
Пред неколку години беше објавена вест дека главниот стадион ќе го носи името на Новак Ѓоковиќ, но се покажа дека е измислица, особено што го носи името на најдобриот австралиски тенисер на сите времиња, „Род Лејвер“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…
СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…
Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…
Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…