Вечерва ќе ги дознаеме сите учесници во осминафиналето на ЛШ

По вечерашните натпревари ќе ги дознаеме сите учесници во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Директен пласман во осминафиналето веќе обезбедија Ливерпул, Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал, Интер, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила, а синоќа им се придружија Баерн, Бенфика, Фејнорд и Клуб Бриж.
Денешната програма ја отвора дуелот помеѓу Борусија Дортмунд и Спортинг во кој би требало да се случи невидено чудо за гостите да поминат понатаму. Имено, Борусија славеше во Лисабон со резултат 3:0, па вечерва не би требало да има проблеми да ја одбрани таа предност.
Идентична ситуација би требало да гледаме и во Париз од 21 часот кога ПСЖ ќе го пречека Брест. И Парижаните имаат предност од 3:0 од првиот натпревар и сè освен пласман на Светците во осминафиналето би било првокласно изненадување.
Во истиот термин во Ајндховен, ПСВ ќе го пречека Јувентус и ќе се обиде да го стигне заостатокот од првиот натпревар. Јувентус во Торино славеше со 2:1, па вечерва сосема сигурно нè очекува интересен дуел.
Сепак, сите очи на светската спортска јавност вечерва ќе бидат вперени во дуелот во Мадрид каде што Реал ќе го пречека Манчестер Сити. Во првиот натпревар на Етихад видовме вистински спектакл, а нема сомнеж дека и вечерва нè очекува фудбалско уживање.
Сити во првиот натпревар водеше до 80-тата минута со 2:1, а потоа Реал стигна до пресврт и победа, па вечерва ќе влезе во дуелот со вкупна предност од 3:2.
Вечерашни натпревари:
18:45 Борусија – Спортинг (прв дуел 3:0)
21:00 ПСЖ – Брест (3:0)
21:00 ПСВ – Јувентус (1:2)
21:00 Реал Мадрид – Манчестер Сити (3:2).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за лицата кои држеа мигранти во…
Вечерва судијата на претходна постапка при Основен…
Натпреварот Македонија – Велс почна со минута…
Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ –…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
На Хрватска и се потребни 70 илјади…
На Хрватска годинава ќе ѝ бидат потребни…
СДСМ: Дали актуелните командири, инспектори и раководството…
„Скандалозно е ова што го прави власта.…