
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а едно со полесни во сообраќајка што попладнево се случила на патот Кавадарци – Неготино, кај кавадаречкото село Марена.
Информацијата за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош во Кавадарци.
Доктор Паракеов рече дека според првичните информации до сообраќајната незгода дошло при судир на две патнички моторни возила, од нив, едно се движело по главната делница, а другото излегувало од спореден пат.
Засега нема повеќе детали за сообраќајната несреќа
Од СВР Велес потврдија дека има сообраќајка кај Марена помеѓу две патнички возила и оти увидот е во тек.