ТСЦ жестоко казни свои играчи поради провокации и гестикулации кон противничките навивачи на мечот со Партизан

Фудбалерите на ТСЦ, Виктор Радојевиќ и Марко Лазетиќ се казнети од својот клуб поради недолично однесување на натпреварот против Партизан во Купот на Србија.

Претседателот на ТСЦ, Јанош Жембери, најави и ги реализираше казните за своите фудбалери кои провоцираа и испраќаа навредливи гестикулации до противничките навивачи.

Радојевиќ беше казнет од клубот со суспензија од два натпревари, а Лазетиќ со еден натпревар суспензија. И двајцата добиле и финансиски санкции.

Лазетиќ беше исклучен поради конфликт со капитенот на Партизан, Александар Јовановиќ, додека Радојевиќ влезе во клинч со противничките навивачки со вулгарни гестикулации. Радојевиќ се извини по натпреварот, но тоа не му помогна да ги избегне казните.

Се вчитува...