8.8 C
Скопје
08/04/2025 12:38
МАКТЕЛ

    

Демко Малески: Ново нормално? Не. Ново неизвесно

      

Од биполарен свет кој траеше четириесеттина години, преку униполарен, изминативе триесет и пет, до мултиполарен, се менуваа шарките на калиедоскопот на меѓународната политика од Втората светска војна наваму. Последнава промена на структурата на меѓународното општество на држави некој ја нарече „ново нормално“. Камо да е така лесно. Побргу ќе да е „ново ненормално“, зашто до „новото нормално“ прво не чека „ново неизвесно“. И како и после падот на Берлинскиот ѕид во 1989, еден човек е одговорен за сè. Тогаш беше генералниот секретар на Комунистичката партија на СССР Михаил Горбачов, денес тоа е американскиот претседател Доналд Трамп. И во двата случаи, водачите на супер силите прогласија банкрот. Во првиот случај, СССР банкротираше во прескапата трка во вооружување, во вториот Америка банкротираше во обидот да наметне своја хегемонија врз целиот свет. Вака некако би одел реалистичкиот наратив за промените во меѓународната политика изминативе децении.

Овие брзи и ненадејни унилатерални потези на водачите на СССР Горбачов и на САД, Трамп, ги изненадија нивните сојузници оставајќи ги како „риби на суво“. Се сеќавам дека и на Михаил Горбачов му беше полесно со претседателот на Америка Роналд Реган отколку со сојузникот Ерих Хонекер од Источна Германија или со претседателот Николае Чаушеску од Романија. Токму како што денес на Трамп му е полесно со Русија отколку со Емануел Макрон од Франција или Кир Стармер од Велика Британија. И тогаш како и сега политичките елити на некогашните сојузници на големите сили си ја бранат својата загрозена политичка моќ. Чаушеску ја бранеше буквално до последниот момент на својот живот кој заврши пред стрелачки вод. Сепак, процесот беше незапирлив. По повлекувањето на руската моќ во границите на Русија, Источна Европа стана вистинско политичко чистилиште – беа збришани сите дотогашни политички елити, до последната. Повлекувањето на американската моќ од Европа, се чини, ќе го има истиот ефект врз сегашните политички елити во Европа. Како што оди Америка, оди и светот, вели една поговорка. Ако е така, порастот на влијанието на десницата во Европа е неминовност. Во тој случај, институции како НАТО, кои го симбоилизираа досегашниот мултилатерализам, ќе ги нема или ако и натаму да постојат, ќе бидат како празни школки.

   

Нешто драматично ново се раѓа во меѓународните односи. И додека, соочувајќи се со „новото нормално“, европските сојузници трескавично свикуваат состаноци на разни нивоа, оние држави, како Македонија, кои не се членови на ЕУ ќе чекаат да слушнат каква ќе биде нивната судбина. Зашто Европа ја чекаат драматични промени полни со неизвесност. Првата моја реакција беше дека во спорот меѓу сојузниците преку Атлантикот, нашето место е со Европа зашто сме европска држава. Тоа го диктира нашиот долгорочен интерес како држава на европскиот континент. Но, сега, кога ситуацијата станува „спасувај глава како знаеш и умееш“ македонските политичари немаат време за долгорочни стратегии за државата. На тоа требаше да се мисли во 1991 кога на мирен начин ја освоивме нашата независност. И не само да кажеме дека ЕУ и НАТО се наши стратешки цели, туку целите да ги остваривме со храбра акција на наши политичари спремни да голтаат живи жаби и со непопуларни одлуки да го спасат народот и државата. Ништо од тоа не се случи: додека папагалски повторуваа „ЕУ/НАТО“, времето помина. Денес, кога е доведено во прашање самото постоење на ЕУ, принудени од реалните процеси на промени кои не можеме да ги следиме, и без друга алтернатива, политичарите се определуваат за Америка.

Го „изедовме“ времето за членство во ЕУ и бидејќи не сме на масата, одново ќе бидеме на менито. За доцнењето, има многу одговорност да се сподели кај сите партии од независноста до денес. Но, најголемиот кочничар беше македонскиот национализам, таа парализирачка состојба на умот која често минува преку партиските граници и која не ни дозволува бргу да се прилагодуваме на еден свет во постојани промени. Истата таа состојба на духот не спречи пред шест години да тргнеме одлучно во решавање на спорот со Бугарија согласно инструкциите од Брисел и усогласениот став на ЕУ. Сега кога е сосема јасно дека за догледно време ја немаме веќе европската опција за Македонија, Америка и Трамп се единствената шанса за нашите политичари. Шанса за што? Шанса сегашнава политичка гарнитура да се одржи на власт и да одолее на надворешните протисоци и на внатрешните меѓуетнички тензии кои се назираат на хоризонтот. Сметката е таа, само што се е во промена и ниту Европа не е она што беше ниту пак Америка. Денко Малески

  

Најново

Полицајците имаа сомнеж кон мене, стануваа агресивни кога велев дека Вања е киднапирана, сведочеше таткото на убиеното девојче

Sase Ivanovski

Таравари: 29-годишниот Александар Гавриловски е вториот критичен пациент кој почина од здобиените повреди

Sase Ivanovski

Таравари: Немаме понуда од „Влен“ да се споиме во една партија

Sase Ivanovski

Брачен пар од Белгија осомничен за криумчарење златен накит вреден половина милион евра на скопскиот аеродром

Sase Ivanovski

Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за возачот кој ја прегази младата Теодора на пешачки во Тетово

Sase Ivanovski

Oceana: Употребата на пластика на Coca-Cola ќе надмине 4,1 милијарди килограми годишно до 2030 година

Sase Ivanovski

ЈАС, МОЛИВ: МОЕТО СЕМЕЈНО СТЕБЛО

Sase Ivanovski

Филипче од Брисел: СДСМ ќе ја поддржи секоја иницијатива што води кон ЕУ

Sase Ivanovski

Вучиќ ги повика граѓаните на Србија на масовен собир и заеднички да ја утврдат и напишат политичката програма

Sase Ivanovski

Четворица повредени во пожарот во Кочани ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“

Sase Ivanovski

Ќе пиеме ли само американско кафе? Европските компании планираат да се преселат во САД

Sase Ivanovski

Изчезна штипјанец, надлежните трагаат по него

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Д-р Јосифовски: Рак на дебело црево е откриен кај 19-годишна девојка, болеста ја има кај младата популација

Sase Ivanovski

Кина не попушта под притисокот: „Ќе се бориме до крај“

Sase Ivanovski

„Вашингтон пост“: Илон Маск барал од Трамп да ги укине царините

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев ист Артан Груби, и двајцата купуваа по багателни цени деловен простор

Sase Ivanovski

Кривични пријави за кривично дело грабнување против три лица од Струмица

Sase Ivanovski

Владата се грижи подеднакво за сите – зголемени платите во здравството за 5 проценти, капитацискиот бод за матичните лекари и гинеколозите за 33 отсто, за стоматолозите за 23 проценти

Sase Ivanovski

Промовиран вториот том од романот „Пронајденото време“ од Пруст во превод на проф. д-р Марјановиќ

Sase Ivanovski

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

Sase Ivanovski

Средба со млади Роми во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, во организација на Советот за млади

Sase Ivanovski

Трамп ја одби понудата на Европа: „Тоа не е доволно“

Sase Ivanovski

Забрана за тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка

Sase Ivanovski

24 Анализа – Дали 33% царина од САД за Македонија ќе биде силен удар за нашата економија?

Sase Ivanovski

КАКО ЌЕ НЕ ПОГОДАТ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП? Можно ли е рекомпонирање? Разговор со Виктор Мизо, извршен директор на Костал и претседател на Совет за странски инвестиции

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Андоновиќ: Мандатарот на новата српска влада, реформатор или уште еден послушник на Вучиќ?

Sase Ivanovski

🎙️СПорткаст EП07 – Андреевски: Македонската кошарка уназадува поради суети и непочитување на различни мислења

Sase Ivanovski

Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одземале и мојот живот

Sase Ivanovski

Наутро ведро и студено, преку ден сончево со мала облачност

Sase Ivanovski

Човекот кој ја направи „најгледаната фотографија на сите времиња“ жали за една работа

Sase Ivanovski

Проф. Петрески: Владата треба да направи стратегија за прилагодување кон американските царини

Sase Ivanovski

Ме радува тоа што Мицкоски има добри односи со САД, но проблем се гаранциите што ги бара од Брисел и Вашингтон за уставните измени, вели Таравари

Sase Ivanovski

Хрватот кој се разнесе со бомба секој ден седел „пред кооперација“ и пиел, имал и психички проблеми

Sase Ivanovski

Таравари: Ако „Вреди“ се обедини во една партија, ние сме отворени за соработка

Sase Ivanovski

Реките ни се преполни со микропластика, открива големо европско истражување

Sase Ivanovski

Полициска началничка ќе одговара, незаконски си се ставила на список за 13-та плата

Sase Ivanovski

Саботажа сезона 11 бр. 51: Закачка меѓу браќата Антонио и Игор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360 степени, сезона 11, емисија 52 – Дали ДУИ ќе учествува на локалните ако нема и парламентарни избори

Sase Ivanovski

Владата да не ги игнорира добрите здравствени политики на СДСМ, за здраво општество потребна е одговорна власт

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ромите не се „малцинство“, туку народ со богата традиција, со музика, со јазик, со историја, традиција, обичаи

Sase Ivanovski

Филипче: Вистински напредок во однос на правосудството и борбата со корупцијата може да се очекува само со интеграција во ЕУ

Sase Ivanovski

Четворица повредени во пожарот во Кочани утре ќе бидат испишани од болницата „Пирогов“ во Бугарија

Sase Ivanovski

93 имотни листови, имот вреден 60 МИЛИОНИ ЕВРА – Еве што има најбогатата партија во Европа во 2016 – Колку ли има сега?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во застој откупот на оризот од минатогодишното производство

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Од 1988 година земјоделците не паметат снег во април – штети ќе има најмногу кај овошните култури

Sase Ivanovski

Ниту зрно пченица нема да влезе во Газа“, изјави израелскиот министер за финансии

Sase Ivanovski

Судијата што одреди две години затвор на возачот од Тетово е истиот кој си ги поправал оценките на ДУТ оти му требал поголем просек

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на актуелната медиумска кампања на поранешниот министер за здравство Венко Филипче после гротескни избори за претседател на СДС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Премиерот Мицкоски се обрати на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, Владата ја стабилизира инфлацијата, Македонија директно влегува во Европската енергетска мрежа

Sase Ivanovski

Горан од Делта Електро: Општината никако не му помогна на населението по излевањето на Маркова река

Sase Ivanovski

Мајкрософт направи верзија од „Quake II“ со АИ, што резултира со важен технолошки пробив

Sase Ivanovski

Берзата во Азија драстично падна по изјавата на Трамп: „Понекогаш мора да се купуваат лекови“

Sase Ivanovski

Актерот Џеј Норт познат по улогата на „Денис Напаст“ почина на 73-годишна возраст

Sase Ivanovski

Aмериканската инвестициона банка „Голдман Сакс“ ги зголеми шансите за рецесија во САД на 45 отсто

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најновиот „Супермен“ филм својата премиера ќе ја има на 11 јули

Sase Ivanovski

Непрописно паркираното Порше во Дебар Маало не е на полициски службеник

Sase Ivanovski

Експерти на Рамсарската Конвенција ќе бараат спас за Преспанско Езеро и природниот парк Езерани

Sase Ivanovski

Горивата од ноќеска поевтинуваат

Sase Ivanovski

Грешка или погрешна информација – вака премиерот Мицкоски ги оцени царините на Трамп за Македонија

Sase Ivanovski

Кафе со неколку капки лимон не е лек за главоболка

Sase Ivanovski

Филмската адаптација на „Мајнкрафт“ заработи повеќе од 300 милиони долари во првиот викенд

Sase Ivanovski

Почина уште еден пациент што се лекуваше во Литванија, бројот на жртви во кочанската трагедија порасна на 61

Sase Ivanovski

Го намамиле да излезе во дворот, при што го убиле со остар предмет и го закопале – Расчистено убиството во кривопаланечко Луке

Sase Ivanovski

Индексот МБИ10 на Македонската берза забележа пад од 3,8 отсто

Sase Ivanovski

МЖСПП: Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити се сретна со амбасадорката на Јапонија Кавахара Сецуко

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Расчистено убиството во кривопаланечко Луке, поднесена е кривична пријава и определен притвор на две лица

Sase Ivanovski

(ФОТО) Конститутивна седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против началничка на одделение во Одделот за обезбедување на личности и објекти за „злоупотреба на службената положба“

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките даваат резултат, цените на основните прехранбени производи се стабилизираат, инфлацијата во март намалена за 1,3% на месечно ниво

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Левичари од Али експрес – Апасиев со купен имот од банка одземен присилно од неговиот претходен сопственик

Sase Ivanovski

Расчистено убиството во кривопаланечко Луке каде момчиња го убиле соседот и го закопале во дворот!

Sase Ivanovski

Бизарноста на американските царини: Еден клип ја поминува границата шестпати

Sase Ivanovski

Степановски: Иако е намален бројот на вработени се зголемуваат трошоци за платите во континуитет секоја година, цените на услугите се непроменети триесет години

Sase Ivanovski

Се зголемува бројот на наставници, се намалува бројот на ученици

Sase Ivanovski

Цената за новите простории на Левица е постигната во деловни преговори со банката, вели портпаролот и пратеник Миценовиќ

Sase Ivanovski

Двегодишна казна за Менсур Пајазити, кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска

Sase Ivanovski

Сомненија за криумчарење златен накит вреден половина милион евра на скопскиот аеродром, поведена истрага

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕУ им понудила на САД царини „нула за нула“ за протокот на индустриски стоки

Sase Ivanovski

Таравари: Немаме понуда од „Влен“ да се споиме во една партија, ако тие сами одлучиле, нека го задржат името „Влен“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Страшен напад врз Србин од Косово!

Sase Ivanovski
Вчитувам....