Неверојатна приказна од САД го шокираше целиот свет – добивме еден од најголемите трејдови во НБА лигата во овој век, откако ЛА лејкерс и Далас маверикс разменија играчи, а тимовите ги менуваат ѕвездите Ентони Дејвис и Лука Дончиќ.
Тие не се единствените играчи вклучени во трејдот, но привлекуваат најмногу внимание бидејќи двајцата се ѕвезди на американската кошарка во последните десетина години. Она што е посебно интересно е дека ниту еден од нив не побарал трејд од своите досегашни тимови, па останува да видиме какви се плановите на екипите од Калифорнија и Тексас.
There are major financial implications for Luka Doncic with this trade.
— Bobby Marks (@BobbyMarks42) February 2, 2025
He was in line to receive a five-year $345M contract this summer.
Doncic is no longer super max eligible.
Пред да дознаеме дали ЛА лејкерс ќе започне со целосна реконструкција на тимот и дали Далас маверикс го гледаат Ентони Дејвис како прва ѕвезда за наредните сезони, главна тема во САД е Лука Дончиќ.
Словенечкиот кошаркар моментално е повреден и не може да настапува, но сè уште важи за еден од најдобрите бекови во лигата. Пред повредата беше во конкуренција за МВП признанието оваа сезона, а и во претходните години со голем успех играше за Далас.
Сите тие одлични настапи не успеа да ги наплати на вистински начин. Според американскиот новинар Боби Маркс, поради трејдот во ЛА лејкерс, Дончиќ ќе загуби огромна сума пари.
Наместо ова лето да потпише петгодишен договор вреден 345 милиони долари, тој ќе мора да се задоволи со помал договор или пократко времетраење.
Дончиќ веќе нема можност да потпише „супер-макс“ договор, а тоа би значело загуба од околу 50 милиони долари во споредба со неговите првични очекувања.