Брајан Адамс повторно во Скопје со акустичен концерт

Еден од најголемите светски хитмејкери на сите времиња, BRYAN ADAMS, доаѓа во Македонија со ексклузивен концерт за само 2.500 посетители, на 27 април во СЦ Јане Сандански!

Адамс се наоѓа во листата на топ 10 најпуштани артисти на сите времиња, на глобално ниво.

Bryan Adams има еден live албум, ‘’Bare Bones’’ со акустична ‘’best of’’ програма, која ја свири само десетина пати во годината, за негова душа, а на огромно задоволство на неговите најголеми фанови.

“Heaven”, Summer of ’69”, “Please Forgive Me”, “All for Love”, “Have You Ever Really Loved a Woman”…и мнооогу други.

Само BRYAN ADAMS на гитара, проследуван од неговиот долгогодишен пријател и пијанист, Gary Breit за 90 минутни чисто емоционално и катарзично музичко искуство.

Глас, гитара, пијано и чиста емоција.

Поради типот на програмата, салата ќе биде редуцирана и сите влезници ќе бидат за седење. Влезниците ќе бидат во продажба од четврток (27 април) во 10 часот наутро на avalonbooking.mk. Сите информации околу цените на влезници и категории ќе бидат објавени денес во 19 часот.

You May Also Like