29.04.2025 18:08
Вести Македонија

Се зголемуваат платите во образованието за 7% – наставниците се незадоволни

Министерството за образование и наука и Сојузот на образовни работници на Македонија потпишаа нов договор за зголемување на платите на просветните работници. Според договорот, најниската мартовска плата ќе изнесува 22.745 денари во бруто износ, што во нето износ значи 15.250 денари. Со оваа одлука не се задоволни дел од вработените во образовниот сектор. Бараат од СОНК да ги почитува законите и да ја земе за основица утврдената минимална плата на државно ниво, која е за повеќе од 7.000 повисока.

„Министерството за образование доколку го почитува Колективниот договор и Законот за минимална плата  и СОНК да ги почитуваше законите и да се грижеше за просветните работници, ќе ја утврдеа за основица минималната плата на државно ниво која е во висина од 33.352 денари во Бруто износ или 22.567 денари во Нето износ. Со непочитување на колективните договори и Законот за минимална плата, платата на просветните работници е скратена за 1/3“, објавија наставниците на социјалните мрежи.

Наставниците исто така укажа дека има нерамноправност во платите во образованието и другите сектори како културата и науката, каде вработените добиваат многу повисоки плати благодарение на нивните синдикати.

За министерката за образование Јаневска, овие тврдења се шпекулациите кои се појавиле на социјалните мрежи. Според неа, нема никакви проблеми, тврди дека зголемувањето на платите во образованието од 7% започнува со мартовската плата.

„За жал се појавија бројни шпекулации на социјалните мрежи дека нешто не е во ред со покачувањето на платата. Тоа не е точно. Одговорно тврдам дека и оваа година како и претходните години наставниците ќе си добијат поголема априлска плата за 7%, но тоа важи и за сите вработени во основните и средните училишта“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Според договорот на МОН и СОНК просветните работници наредните четири години ќе добиваат зголемување на платите во зависност од висината на инфлацијата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Трагедијата можеше да се спречи, сега бараме одговорност“ – родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје

Дејан Дејан

ВО САБОТА ПО ВТОР ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ГОЛЕМИОТ ЕКО-НАСТАН VIVAX ЧИСТКА НА ВОДНО

Дејан Дејан

Дел од роднините на средба со обвинителите по одговори за истрагата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе