Вирџинија Вард заминува од Chanel

7 јуни 2024

Вирџинија Вард која беше пет години на челната позиција на Chanel си заминува од модната куќа.


Вард го наследи Лагерфелд по неговата смрт, што за многумина беше сосема логичен чекор земајќи го во предвид фактот дека дизајнерката работеше за брендот 30 години.

Кариерата во Chanel ја започна во 1987 како практикант, а Лагерфелд за неа знаеше да каже дека му е "и лева и десна рака."


Во изминативе пет години, додека Вард беше креативен директор, профитот на модната куќа се зголеми двојно.

Останува само да видиме кој би можел да ја наследи Вирџинија. Пјерпаоло Пиколи, поранешниот креативен директор на Valentinо, е едната можна опција, а се споменува и името на Хеди Слиман кој ја има челната позиција во Celine.

Chanel ќе претстави своја колекција на париската модна недела месецов, што најверојатно ќе биде и последната под палката на Вард.

Објавено:
7 јуни 2024
Категорија: 
Актуел