• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хрватска одбележува 16 години во НАТО

Хрватска одбележува 16 години во НАТО

Загреб, 1 април 2025 (МИА) – Шеснаесет години Хрватска во НАТО! Во време на безбедносни предизвици, оваа годишнина нè потсетува на силата и важноста на нашето членство во најголемиот воено-политички сојуз, објави на Икс хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ.

Тој наведе и дека Хрватска ја исполнила целта и издвојува два проценти од бруто домашниот производ за одбраната, од кои речиси 30 отсто се насочени кон модернизација на хрватските вооружени сили.

Анушиќ најави дека Хрватска е подготвена да ја исполни следната цел – три проценти од БДП за одбрана, со што ја потврдува својата посветеност на заедничката безбедност.

Според него инвестирањето во одбраната не е трошок, туку инвестиција во сигурност и мир.

- Хрватска како сигурен сојузник активно придонесува за глобалната безбедност, учествува во сојузничките мисии и ја зајакнува колективната одбрана, градејќи поотпорен и обединет сојуз, истакна Анушиќ. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан