Ноќта зад нас на НБА-паркетите ни донесе неколку монструозни настапи, а она што го направи Никола Јокиќ долго ќе се памети. Тој го имаше своето најдобро остварување во кариерата, но неговиот тим на трагичен начин остана без победа.
Никола Јокиќ забележа трипл-дабл, но од статистиката се издвојуваат неверојатните 61 уфрлен поен. Додаде и 10 скока и 10 асистенции, но ниту тоа не беше доволно за неговиот Денвер да слави против Минесота.
58 minute game. Russell Westbrook fucked it up in the last 10 seconds.
— Gino Fornaro (@ginoliciousboss) April 2, 2025
The single greatest performance ever from Jokic 61-10-10 is thrown away.
pic.twitter.com/byrweZRdWo
Минесота тимбервулвс победија со 140-139 по продолженија.
И покрај поразот, Јокиќ повторно влезе во историјата, станувајќи само петтиот центар во историјата на НБА-лигата со 800 или повеќе постигнати тројки.
Heartbreaker for the Nuggets
— ESPN (@espn) April 2, 2025![]()
Despite the loss, Jokic puts up the most points in any triple-double in NBA historypic.twitter.com/1R2cUDhfDm
Уште поневеројатно е што Јокиќ стана играчот кој постигнал најмногу поени во историјата на НБА-лигата во натпревар во којшто остварил трипл-дабл. Затоа, вистинска штета е што неговиот тим беше поразен, најмногу поради непромислениот фаул на Расел Вестбрук на крајот.
Гостите до победа ги водеше Ентони Едвардс со 34 поени, 10 скока и осум асистенции. Минесота го имаше последниот напад на натпреварот, а по фаулот, Александер-Вокер погоди две од трите слободни фрлања за победа на својот тим.
Неверојатна ноќ имаше и Стефон Кари. Како во старите добри времиња, Кари со 52 поени го „потопи“ кошот на Мемфис Гризлис и му донесе победа на Голден стејт вориорс со 134-125.
НБА-резултати: Атланта – Портланд 113-127, Милвоки – Феникс 133-123, Њујорк – Филаделфија 105-91, Чикаго – Торонто 137-118, Мемфис – Голден стејт 125-134, Сан Антонио – Орландо 105-116, Денвер – Минесота 139-140.