Lifestyle
КОЈ Е НАЈЕВТИНИОТ ГРАД ВО СВЕТОТ, ТУРИСТИТЕ СИ ЗАМИНУВААТ СО НОВ КОСТУМ ИЛИ ФУСТАН ПО НАРАЧКА!
23.03.2025
Хои Ан, град во Виетнам, станува се попопуларен меѓу туристите. Минатата година беше прогласен за најевтин град во светот според истражувањето наречено World Holiday Cost Barometer, спроведено од британска фирма.
Овој град се издвојува со прекрасните плажи и пријатните температури кои во април достигнуваат и до 28 степени. Градот е познат по плажите Ан Бенг и Куа Даи.
Хои Ан е најдобро да се посети помеѓу февруари и април, кога температурите се многу пријатни. Во текот на летните месеци, особено од мај до август, температурите се високи, додека есента може да донесе обилни дождови.
Истражувањата покажуваат дека цените во овој виетнамски град се исклучително прифатливи за туристите од целиот свет. На пример, половина литар пиво е околу 1,40 евра, додека цената на кремата за сончање е 4,40 евра. Ноќевањето во хостел се движи од пет до 10 евра, додека ноќевање во хотел со четири или пет ѕвезди се движи помеѓу 50 и 100 евра, често со вклучени спа понуди и појадок.
Градот е идеален и за возење велосипед, а велосипеди може да се изнајмат за едно до две евра дневно. Кратките возења нарачани преку апликацијата чинат до пет евра, а можно е да изнајмите и мотор за пет евра дневно.
Хои Ан е познат и како град на кројачите – многу туристи го напуштаат овој град со нов костум или фустан по нарачка, чии цени се движат до 100 евра, пренесува Новости.
фото freepic