Емоции во Кавадарци: Повлечена „16-ката“ во чест на Лазаров, застана и мечот за аплауз! (ВИДЕО)

Екипата на Тиквеш го оствари ветувањето и го повлече дресот со број 16 во чест на трагично загинатиот Андреј Лазаров.

26-годишниот Лазаров загина во трагедијата која ја потресе Македонија, а се случи во ноќниот клуб во Кочани. Фудбалерот дојде како спасител, за да спасува луѓе од пламените јазици, но за жал го загуби животот заради задушување.

Во знак на почит кон Лазаров, неговиот поранешен клуб Тиквеш за кого играше од 2019 до 2020, а потоа од 2022 до 2023 година, го повлече дресот со бројот 16 кој тој го носеше во клубот и му оддаде почит пред мечот во ПМФЛ.

Исто така, се застана во 16-тата минута, а целиот стадион стана и даде аплауз во чест на Андреј Лазаров кој никогаш нема да биде заборавен.