Бројот на смртни случаи од мали сипаници од почетокот на епидемијата во американската држава Тексас на крајот на јануари се зголеми на три, откако уште едно дете на училишна возраст, кое беше хоспитализирано поради оваа болест, почина во болница во градот Лабок, објави денеска АП.
Детето кое почина од мали сипаници не било вакцинирано и било лекувано од компликации предизвикани од болеста.
Тексас објави нов голем скок на случаи и хоспитализации во петокот, а активни епидемии на сипаници кои вклучуваат три или повеќе случаи беа пријавени и во Ново Мексико, Канзас, Охајо и Оклахома, при што вирусот се шири во недоволно вакцинираните заедници.
СЛЕДЕТЕ НЕ: