• вторник, 08 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ДУИ: Со сеопфатната партиска реформа кон зајакнување на транспарентноста и интегритетот во своите редови

ДУИ: Со сеопфатната партиска реформа кон зајакнување на транспарентноста и интегритетот во своите редови

Скопје, 4 април 2025 (МИА) - Демократската унија за интеграција соопшти дека презела реформски чекори во насока на зајакнувања на транспарентноста и на интегритетот на партијата, која треба да доведе намалување на концентрацијата на моќ и на можностите за корупција.

-ДУИ, под водство на претседателот на партијата Али Ахмети, продолжува со одлучни чекори за зајакнување на транспарентноста и интегритетот во своите редови. Партиската иницијатива е темел на посветеноста на ДУИ за реформи и служи како модел за останатите политички чинители кои се стремат да ги поддржат принципите на демократија и владеење на правото, стои во соопштението.

Од партијата посочуваат дека процесот на ветинг кој што го започнале вклучува, како што наведуваат, ригорозна проценка на ризик на високите партиски функционери, членови на Претседателството на ДУИ и раководството на локални партиски ограноци. Оваа стратешка акција, се додава, е дел од пошироката реформска агенда дизајнирана да постави нови стандарди во политичката одговорност и интегритет. Али Ахмети истакнал дека иницијативата не е само одговор на корупцијата, туку проактивна мерка за вградување на силни етички стандарди во партијата.

-Водејќи со интегритет, имаме за цел да влееме доверба во нашето владеење и да ја потврдиме нашата посветеност на демократските принципи, изјавил Ахмети.

Активностите кои денеска ДУИ ги започна, се наведува, дека се насочени кон зајакнување на партиската реформска агенда при што партијата ќе ги ангажира своите членови со партиципативен пристап, поттикнувајќи амбиент каде што секој глас се вреднува во процесот на донесување одлуки. Оваа инклузивна стратегија, се посочува понатаму, се очекува да ја намали концентрацијата на моќ и да ги намали можностите за корупција.

-ДУИ се посвети на спроведување транспарентен и процес на селекција заснован на заслуги за кандидати за претстојните избори. Оваа иницијатива ќе обезбеди кандидатите да бидат избрани врз основа на нивните квалификации и интегритет, со што ќе се подигне калибарот на лидерство во партијата, се наведува во партиското соопштение.

За понатамошна поддршка на овие реформи, од ДУИ најавуваат дека ќе организираат сеопфатна програма за обука за своите членови преку работилници, семинари и образовни настани фокусирани на етиката и антикорупцијата.

-Со опремување на членовите со знаење и алатки за препознавање и спречување на коруптивни практики, ДУИ има за цел да негува култура на интегритет во сите нивоа на партијата. Овие претстојни активности го нагласуваат проактивниот пристап на ДУИ кон доброто владеење, нагласувајќи ја решеноста на партијата да води транспарентно и одговорно. Поставувајќи преседан со својата политичка реформа, ДУИ не само што го зајакнува својот институционален интегритет, туку придонесува и за поширокиот национален дијалог за етичко лидерство, стои во соопштението од партијата. вг/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан