АктуелноОхрид

Приведен жител од Волино – по завршување на фудбалски натпревар нападнал фудбалер од гостинската екипа

На 13.04.2025 во 22 часот во селото Волино, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода  лишија (43) годишно лице од истото село. Тој, по завршување на фудбалски натпревар од третата фудбалска лига одржан во Волино, физички  нападнал (25)  годишно лице  од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.