Исказите на Манев се разликуваат: Судот прифати да се читаат исказите кога биле пронајдени телата

Обвинетиот Велибор Манев денеска сведочеше во Кривичниот суд за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Тој во судница зборуваше за грозоморните детали за убиствата на Вања и на Панче, и кажа дека Палчо ги застрелал и двајцата, и дека првично планот бил да не се убие Панче, туку да се стави во дупка, и со неговото возило да се случи киднапирањето на женско лице околу 40 години, и потоа да се разменат.

Меѓутоа Палчо ненадејно го застрелал прво Жежовски, според сведочењето на Манев, а потоа и Ѓорчевска кога била грабната.

Сепак, Судот прифати да се прочитаат двата искази на Манев, вечерта кога се пронајдени телата, и да се споредат со сегашниот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното